ЛЕГЕНДАТА НА „ЦРВЕНИТЕ“ НА НОВА ПОЗИЦИЈА

Џерард стана тренер на У-18 тимот на Ливерпул

Стивен Џерард направи уште еден чекор во својата тренерска кариера, откако беше потврден за тренер на У-18 тимот на Ливерпул

објавено: 27 април 2017 - 23:00

Ова доаѓа по разговорите со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоб и директорот на академијата на англискиот тим, Алекс Инглторп, каде што беше заклучено дека У-18 тимот е совршено место за развојот на Џерард. Поранешниот капитен на тимот работеше на неколку позиции во академијата од почетокот на февруари, откако минатиот ноември се повлече од фудбалот.

„Работев со пет-шест тренери во академијата, а ментор ми беше Стив Хајвеј и Алекс Инглторп. Не можам да побарам подобра шанса“, вели Џерард, кој ќе го замени тренерот Нил Кричли, кој станува тренер на У-23 тимот.

Најново во Меѓународен Фудбал