РЕАЛ ЌЕ (ПО) ЧЕКА...

КАЈ КЕЈН НЕМА ДИЛЕМИ: Кариерата да ја завршам во Тотенхем

За германскиот „Билд" најдобриот стрелец во Англија вели дека нема намера да си замине од лондонскиот клуб, иако постојано се говори за негов трансфер во Реал Мадрид.

објавено: 20 ноември 2017 - 20:45

И оваа година Хари Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, па и оваа година мултимилионските понуди станаа уште повисоки за неговиот евентуален потпис, односно промена на средината.

Во овој дел од сезоната Кејн веќе има 13 погодоци (осум во Премиер лигата), а во меѓувреме беше и капитен на Англија која обезбеди место на Мундијалот во Русија, и тоа благодарение токму на неговиот гол во дуелот против Словенија.
Но се чини дека Хери Кејн нема намера да ја промени средината. И дека посакува да освојува трофеи како играч на Тотенхем, каде долго време се чека на нив.

„Мојата цел е кариерата да ја поминам само како играч на Тотенхем. Имаме фантастичен тим, сјаен тренер, професионален тренажен центар, а наскоро добиваме и нов стадион. Моментално сето ова што е тука ми одговара во целост, и јас сум среќен проади тоа"- вели Кејн за германскиот „Билд"

Овој викенд Тотенхем го загуби градското дерби со Арсенал (0:2),а Кејн играше до 75.минута.
Во овој момент Спарси се на 4. место на табелата во Премиер лигата со 23.освоени бодови. Во следното коло го дочекуваат ВБА, но претходно ги чека дуелот од Лигата на Шампионите против Борусија во Дортмунд.

 

Најново во Меѓународен Фудбал