Големи заслувања на „Енфилд“

Клоп подготви 92 милиони фунти за двоецот од Реал

Ливерпул подготвува две големи изненадувања за своите навивачи ова лето, пренесува „Сан“. 

објавено: 30 март 2017 - 21:25

Ливерпул подготвува две големи изненадувања за своите навивачи ова лето, пренесува „Сан". „Црвените“ оваа сезона не играат според очекувањата на навивачите без разлика што на клупата го имаат одличниот германски стратег, Јирген Клоп.

Токму поради ова управата на Ливерпул подготвува голема сума на пари за две ѕвезди на Реал Мадрид, кои оваа сезона повеќе време минуваат на клупата. Станува збор за Џејмс Родригез и Марко Асенсио за кого англискиот тим подготви 92 милиони фунти. Овие фудбалери и претходно беа поврзани со заминување од клубот.

Најново во Меѓународен Фудбал