НЕВЕРОЈАТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПРЕМИЕРЛИГАШОТ

Ливерпул се извинија за интересот за Ван Дајк

Ливерпул официјално се извинија на тимот на Саутемптон околу „сите недоразбирања" околу интересот за дефанзивецот Виргил ван Дајк и веќе не сакаат да потпишат со него

објавено: 7 јуни 2017 - 21:29

25-годишниот бек е мета на повеќе тимови од Премиерлигата, и самиот изјави дека би сакал да заигра на Енфилд, а менаџерот Јирген Клоп го одреди како главна мета во летниот преоден рок.

Меѓутоа, Саутемптон се заканија дека ќе ги пријават Ливерпул до Премиерлигата поради нелегалниот обид за преговори со фудбалерот, по што Ливерпул се откажаа од интересот.

„Ливерпул би сакале да изразат жалење за неодамнешните медиумски шпекулации околу Саутемптон и трансферот на одредени фудбалери. Се извинуваме на сопственикот, бордот на директори и фановите на Саутемптон околу недоразбирањата околу Виргил ван Дајк. Ја почитуваме нивната позиција и можеме да потврдиме дека завршивме со интересот за играчот“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Најново во Меѓународен Фудбал