ТРЕНЕРОТ НА МАНЧЕСТЕР РАЗОЧАРАН ПО НЕУСПЕХОТ КАЈ ХАДЕРСФИЛД

Мурињо: Тимот кој повеќе ја сакаше победата, на крај се радуваше

За прв пат по 1952 година, Хадерсфилд се радуваше на победа против најтрофејниот англиски тим

објавено: 21 октомври 2017 - 18:47

Манчестер јунајтед го доживеа првиот пораз сезонава и тоа беше големо изненадување. „Црвените ѓаволи“ загубија на гости кај хадерсфилд со 2:1. Да биде успехот на домаќините уште поголем, тие стигнаа до победа над Манчестер за прв пат по 1952 година. 

Цели 65 години, навивачите на овој тим чекаа да се израдуваат на победа против Манчестер и тоа го направија кога на клупата е Жозе Мурињо. 

„Тимот кој повеќе ја сакаше победата, на крајот се радуваше. Нема што друго да се каже. Не знам зошто противникот повеќе посакуваше да победи. Во јавност нема да критикувам ниту еден од моите играчи, но ќе кажам дека негативно сум изненаден од тоа како одигравме. Во второто полувреме бевме малку подобри, можевме да стигнеме барем до реми, но искрено заслуживме да бидеме казнети и да загубиме“, рече тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по првиот пораз сезонава во Премиерлигата.

Најново во Меѓународен Фудбал