ВЕЛШАНЕЦОТ Е ФАВОРИТ КАЈ ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

Сандерленд уште не го контактирале Гигс

Рајан Гигс уште немал контакт со Сандерленд за испразнетото менаџерско столче и покрај тоа што англиските обложувалници го имаат токму Велшанецот како прв фаворит

објавено: 31 мај 2017 - 22:05

Коефициентот за ангажирање на 43-годишниот поранешен играч на Манчестер јунајтед во еден ден падна од од 25/1 до 1/5. Сандерленд, кои испаднаа од Премиерлигата, останаа без тренерот Дејвид Мојс и шпекулациите на „Стадионот на светлото“ велат дека Гигс е совршен наследник.

Гигс е подготвен да има сопствена менаџерска кариера откако накратко го замени токму Мојс на „Олд Трафорд“, а потоа беше и „број 2“ на Луис ван Гал, по што беше поврзуван со повеќе клубови во последните неколку месеци.

Најново во Меѓународен Фудбал