НЕИЗВЕСНОСТА ОКОЛУ ФРАНЦУЗИНОТ ПРОДОЛЖУВА

Судбината на Венгер во рацете на еден човек

Се поизвесно е дека за Арсен Венгер ова ќе биде последна сезона на „кормилото“ на Арсенал. 

објавено: 12 април 2017 - 11:20

Катастрофална сезона во која Арсенал под водство на Арсен Венгер, не изледал полошо би можела да биде последна за францускиот стратег на „кормилото“ на англискиот тим.

Последното големо понижување „топчиите“ го доживеаја на гостувањето кај Кристал Палас каде веа поразни со 3-0, а се чини по две децении Венгер ќе влезе во минатото на овој клуб.

Иако Французинот е заинтересиран за продолжување на соработката, сепак фановите, а од скоро време и играчите не сакаат да слушнат за него. Сепак одлуката околу неговата судбина нема да биде позната во најскоро време.

Последниот збор за Венгер ќе го има првиот човек на клубот, Стен Кренке, кој претходно постојано го поддржуваше францускиот стручњак. Кренке пред извесно време на Венгер му понуди и нов двегодишен договор и зад таа одлука засега стои цврсто.

Незадоволството од страна на фановите би можело да ја промени оваа одлука, верните фановите на Арсенал сакаат нов тренер, бидејќи „топчиите“ по 20 години нема да настапуваат во Лигата на шампиони. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал