Арсенал има најскапи билети во просек

„Топчиите“ се прекрстија во скапчии

Арсенал има убедливо најскапи билети за навивачите и во просек цената им е 74 фунти, или околу 5 илјади македонски денари

објавено: 17 јануари 2018 - 15:05

Арсенал има убедливо најскапи билети за навивачите и во просек цената им е 74 фунти, или околу 5 илјади македонски денари.

Популарните „топчии“ станаа скапчии и се лидери во светот на фудбалот, барем според цените на билетите, иако сезонава играат слабо. Но, со вакви цени имаат и најголем остварен приход од билети, точно 115 милиони евра во минатата сезона.

Зад нив повторно е клуб од Лондон, Челзи со просечни цени на влезниците од 69 фунти. Следат Реал Мадрид, Ливерпул, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед.

Најново во Меѓународен Фудбал