ТОА СЕ ВИСТИНСКИ НАВИВАЧИ

Дојдоа пред куќата на Нури да му покажат дека не е сам (Видео)

Играчот на Ајакс,  Абделхак Нури пред една недела доживеа срцев удар и сега се бори за живот

објавено: 16 јули 2017 - 21:17

Најверните навивачи на Ајакс уште еднаш ја покажаа својата големина, откако се организираа и се собраа пред куќата на  Абделхак Нури во Амстердам. Нури е фудбалерот на Ајакс, кој пред една недела колабираше на теренот за време на пријателскиот меч против Вердер. 

Тогаш лекарите едвај му го спасија животот, а по направените детални анализи било констатирано дека тој ќе има „трајни последици на мозокот“ и дека „никогаш повеќе нема да може да биде како порано“. 

За да покажат дека Нури не е сам во овие најтешки моменти, навивачите се собраа пред неговата куќа и со песна и факели го поздравија. Во еден момент од куќата родителите на 20-годишниот фудбалер и се заблагодарија на поддршката. 

 


Ajax by goloviliga

Најново во Меѓународен Фудбал