БРАЗИЛЕЦОТ промовиран во ФРАНЦУСКИОТ ТИМ

Нејмар: Парите не се моја мотивација, срцето ми велеше да одам во ПСЖ

Голгетерот се појави во Париз и изјави дека е подготвен да донесе многу радости на навивачите на овој тим

објавено: 4 август 2017 - 14:03

Бразилецот Нејмар е во Париз и на прес конференција ги кажа првите импресии, по доаѓањето во новиот клуб. Капитенот на бразилската репрезентација го комплетираше најголемиот трансфер во фудбалската историја, откако за 222 милиони евра со замина од Барселона, за да потпише со ПСЖ. 

„Заминувањето од Барселона беше една од моите најтешки одлуки кои сум ги донел. Воопшто не беше лесно да си заминам. Зад себе оставив многу добри пријатели, но тоа е фудбалот. Одлучив дека е време за нов предизвик. Моето срце велеше да одам во ПСЖ. Парите никогаш не биле моја мотивација. Веќе се чувствувам како дома во Париз. Едвај чекам да дебитирам“, рече нејмар, кој додаде дека сака да игра уште на утрешниот меч против Амиенс. 

Најново во Меѓународен Фудбал