„СВЕТЦИТЕ“ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ТРКАТА

ПСЖ подготвува сто милиони за Облак?

Повеќе француски медиуми најавуваат дека „светците" можат да издржат трaнсфер вреден „многу нули зад единицата"...

објавено: 18 јуни 2017 - 11:15

Не успеаја ниту оваа година, но одат понатаму... ПСЖ нема намера да се откаже од трката по пехарот во Лигата на Шампионите. Доказ плус за тоа е нивниот се поизразен интерес за купување на екстра квалитетен голман. А според. „гоал.цом", станува збор за Словенецот на голот на Атлетико Мадрид – Јан Облак.

Како што наведуваат изворите, наводно, ПСЖ е подготвен да издвои сто милиони евра како би ги натерале популарните „јорганџии" да го ослободат високиот Словенец, но и да ја добијат трката со Манчестер Јунајтед кој исто така пред извесно време, пројави сериозен интерес за неговите услуги ( во случај да останат без Давид Де Геа).
Но, прашање е дали во Атлетико се подготвени да прифатат една таква понуда, без оглед на тоа колку висока била. Пред се затоа што немаат доволно можносоти да донесат нов голман, а поради забраната за носење на нови играчи.
Атлетико успеа да се „одбрани" во случајот на Антоан Гризман, и го задржа Французинот во тимот. А дали ќе одолеат на големите пари на парижаните како би го задржале и Словенецот, останува да се види во наредните денови на трансфер пазарот.

Најново во Меѓународен Фудбал