позната причината за најголемиот трансфер во историјата

Таткото на Нејмар конечно откри зошто синот се пресели во ПСЖ

„Јас сум тој кој до последен момент се двоумеше дали е паметно да се направи тој трансфер“, рече Нејмар сениор

објавено: 3 октомври 2017 - 10:22

Таткото на Нејмар, откри кои се главните причини зошто неговиот син решил да си замине од Барселона и да го облече дресот на Пари Сен Жермен. Францускиот тим плати неверојатни 222 милиони евра што е рекорден трансфер. 

„Неговите пријатели од Барселона, Меси, Суарез, Пике, Ракитиќ, се обидуваа да го убедат да остане во клубот. Сепак син ми беше решен да направи трансфер. Тој многу сакаше да дојде тука и да се соочи со нов предизвик. Јас бев изненаден од неговата одлука. Имавме понуда од ПСЖ и пред една година, но ги одбивме. Овојпат понудата беше многу поинтересна“, вели Нејмар сениор, кој додаде дека главната цел на неговиот син е да освојува нови титули. 

По првите неколку меча кои ги одигра, Бразилецот блеска на теренот и е најдобар играч на ПСЖ.

„Дојде за да триумфира во француското првенство, но и во Лигата на шампионите“, додава таткото на Нејмар. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал