ТРАНСФЕРИТЕ НА НЕЈМАР И МБАПЕ ПОД ЛУПА

УЕФА ја потврди истрагата против ПСЖ

УЕФА ќе го истражува тимот на Пари Сен-Жермен за можното прекршување на „финансискиот фер-плеј" (ФФП) при трансферот на Нејмар од Барселона

објавено: 1 септември 2017 - 19:17

Францускиот тим го сруши светскиот рекорд кога платија 222 милиони евра за да ја „иницираат“ излезната клаузула во договорот на Бразилецот со Барселона. По ова тие го донесоа и еден од најталентираните млади фудбалери, Килијан Мбапе од француските шампиони Монако со позајмица на цела година. Овој договор беше со „опција“ да се купи играчот за следната година.

ФФП правилата на УЕФА беа воведени од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини во обид клубовите да не се задолжуваат премногу за играчи и да трошат само дел од приходот.

„Истрагата ќе се фокусира на посветеноста на тимот кон правилото за израмнетост, посебно поради неодамнешните трансфер активности. Во следните неколку месеци, редовно ќе се среќаваме со луѓето од ПСЖ за да ги процениме сите документи околу договорот. УЕФА нема да дава дополнителни коментари додека трае истрагата“, се вели во соопштението на УЕФА.

Најново во Меѓународен Фудбал