ДАЛИ Е ПОЗНАТО ИМЕТО НА НОВИОТ ТРЕНЕР НА БАВАРЦИТЕ?

Баерн преговара со Луис Енрике

Трофејниот шпански стратег е можниот нов кормилар на најуспешниот тим во Германија

објавено: 4 октомври 2017 - 08:30

Челниците на Баерн Минхен, се фокусираа кон Луис Енрике, како можна опција да седне на клупата на најтрофејниот германски клуб. Според некои шпекулации, тие дури имале и контакт со шпанскиот стратег, но засега нема ништо конкретно. 

Баерн остана без тренер, откако поради бојкот од страна на главните играчи, отказ доби Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег мораше да си замине, откако се дозна дека бил саботиран од поголем дел од тие кои биле на теренот. 

Енрике е слободен агент, откако реши да си замине од Барселона и да си даде пауза од тренерската работа. Како наследник на Анчелоти се споменува и Томас Тухел, но засега и ова не е потврдено. Од Баерн си дадоа рок дека во следните неколку дена, односно до продолжување на домашното првенство, да мора да најдат нов кормилар, кој ќе го врти клубот на победнички патеки. 

Најново во Меѓународен Фудбал