ЈА НАПУШТИ АТЛЕТИКАТА, СЕ ВРТИ КОН ФУДБАЛОТ

Болт на проба во Дортмунд: Мојот сон е Јунајтед и титула во ЛШ

„Малку сум нервозен бидејќи фудбалот е поразличен од атлетиката. Многу често добивам совети од Погба, секогаш имам многу прашања за него. Не сакам да бидам просечен", изјави Јусеин Болт.

објавено: 8 јануари 2018 - 11:00

Јусеин Болт спринтерската кариера ја заврши со повреда во финалето на СП во Лондон минатата година, а сега целосно се врти кон фудбалот. Иако е голем навивач на Манчестер Јунајтед, сепак во март ќе оди на проба во Борусија Дортмунд.

„Повредата е зад мене и целосно сум подготвен. Во март одам на проба во Борусија, тогаш ќе видиме што ќе биде со мојата кариера. Ако кажат дека сум добар и дека ми треба малку тренинг ќе продолжам", изјави Болт и продолжи:
„Малку сум нервозен, фудбалот е поинаков од атлетиката. Ќе ми треба време за да се прилагодам, но не се сомневам, по неколку одиграни натпревари се ќе биде во најдобар ред. Мојот најголем сон е Манчестер Јунајтед. Доколку во Дортмунд ми кажат дека сум добар ќе дадам се од себе".

Болт открива дека совети добива од Пол Погба.

„Многу гледам фудбал, со мислам дека ќе бидам многу добар. Често зборувам со Погба, имам многу прашања за него. Не сакам да бидам просечен, сакам да ја освојам Лигата на шампиони, тоа ќе биде многу близу до она што го направив во атлетиката".

Најново во Меѓународен Фудбал