БАВАРЦИТЕ ИСПУШТИЈА ДВА БОДА

ДУПКА НА ГОЛОТ: Баерн без Ноер е „нула"! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите голмани на светот го менува колега кој важи за голем киксер, и веднаш го докажа тоа...

објавено: 23 септември 2017 - 10:30

Баерн- Волфсбург 2:2 во шестото коло од Бундеслигата.

За историскиот бод за гостите и нивното глемо враќање (по 0:2) на „Алијанц Арената" секако, најзаслужен е голманот на баварскиот тим, Свен Урлих.
Секако, тој е замена з анезаменливиот Мануел Ноер, кој пред неколку дена го повреди стопалото и нема да игра до крајот на оваа година.
Дефинитивно, голем хендикеп за секој тим, но особено за Баерн, кој токму на мечот со „волците" почувствува каков е ризикот да се нема квалитетен резервен голман.

До 56. минута тимот од Минхен имаше сигурни (2:0), а потоа се случи слободниот удар на Арнолд од 25. Метри, по кој Улрих делуваше трагикомично кога сакаше таа топка да ја „избоксува". Но за негова жал заврши во мрежата.

Треба да се знае и тоа дека Урлих не е некој неискуен анонимус. Впрочем Баерн не би ангажирал било каква замена за Нојер.
Но голманот кој пред две години дојде во Баерн, и тоа после 220 настапи за Штудгарт, покажа уште еднаш зошто во овој период доби прилика да брани на само 15. натпревари.
Овој гол му е веќе десетти во кариерата кој го прима по изведување на слободен удар на противничкиот напад.
Да биде уште полошо по баварците, за неколку дена ги чека гостувањето во Париз и средбата од Лигата на Шампионите против ПСЖ. А тоа значи дека Урлих ќе биде мета на големото трио Кавани-Нејмар-Мбапе, кои по оваа негова неславна претстава едвај чекаат да пробаат да го направат истото.

 

Најново во Меѓународен Фудбал