Баварците си ја чуваат својата талија

Коман му носи среќа на Баерн, Баварците му го продолжија договорот до 2023 година

Кингсли Коман е таличен за клубовите каде настапува и во петгодишната професионална кариера има ист број на шампионски титули, па Баерн Минхен одлучи да му го продолжи договорот до 2023 година

објавено: 21 декември 2017 - 21:55

Кингсли Коман е таличен за клубовите каде настапува и во петгодишната професионална кариера има ист број на шампионски титули, па Баерн Минхен одлучи да му го продолжи договорот до 2023 година.

Коман има само 21 година, а професионално игра фудбал како тинејџер со 16 години и во секоја сезона освојуваше шампионски круни. Најпрво со Јувентус доминираше во Серија А, а потоа продолжи да ниже шампионски титули и во Баерн.

Баварците се задоволни и одлучија да го задржат на подолг период францускиот ас. Денеска на официјалната клупска страница објавија дека Кингсли стави потпис на нов договор до 2023 година.

Најново во Меѓународен Фудбал