Чудна одлука на раководството на Борусија Дортмунд

Милионерите се коцкаат, одбраа тренер што доби отказ од најлошиот тим во Бунделсигата

Петер Штегер е нов тренер на Борусија Дортмунд и тој е замена за отпуштениот Петер Бош, а одлуката на раководството на „милионерите“ е чудна

објавено: 10 декември 2017 - 13:43

Петер Штегер е нов тренер на Борусија Дортмунд и тој е замена за отпуштениот Петер Бош, а одлуката на раководството на „милионерите" е чудна.

Штегер пред некој ден доби отказ во Келн, екипа која е убедливо последна во Бундеслигата, а сега добива шанса да води еден од најдобрите тимови во Германија.

Патем, новиот тренер на Борусија како кормилар на Келн им направи многу проблеми на популарните „јарци“, а дури го отпушти и кондицискиот тренер. Сега доби џек-пот во Дортмунд, иако експертите во Германија велат дека ова е голем ризик за Борусија.

Најново во Меѓународен Фудбал