Заредија лошите претстави на клубот од Дортмунд

Милионерите се во криза, ги победи и Хановер

Борусија Дортмунд е во криза, а по денешниот пораз во Хановер со 2:4 веќе трет меч по ред е без победа, иако остана на врвот на табелата заедно со Баерн Минхен

 

објавено: 28 октомври 2017 - 17:41

Борусија Дортмунд е во криза, а по денешниот пораз во Хановер со 2:4 веќе трет меч по ред е без победа, иако остана на врвот на табелата заедно со Баерн Минхен.

Домаќините постојано водеа и на крајот и убедливо победија со два гола разлика, што е втор пораз за Борусија Дортмунд на последните три натпревари во Бундеслигата.

Сосема поинакво е расположението во таборот на втората Борусија, од Менхегладбах по триумфот против Хофенхајм со 3:1 на гостински терен.

Резултати, 10. коло: Хановер - Борусија Д. 4:2, Хофенхајм - Борусија М. 1:3, Херта - Хамбургер 2:1, Шалке 04 - Волфсбург 1:1, Баер Леверкузен - Колн 2:1.

Најново во Меѓународен Фудбал