ДАЛИ БАВАРЦИТЕ ГО ДОВЕДОА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР ВО СВЕТОТ?

ТРАНСФЕР „БОМБА“: Адидас го однесе Роналдо во Баерн Минхен

Според светските медиуми, Кристијано Роналдо во следните две сезони ќе го носи дресот на Баерн Минхен. 

објавено: 19 јуни 2017 - 11:45

Трансфер „бомба“ во Германија. Според светските медиуми, Кристијано Роналдо во следните две сезони ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Познатиот спортски бренд „Адидас“ е во офанзива по еден од најдобрите фудбалери и покрај тоа што Роналдо е заштитно лице на „Најк“.

Оваа најава, сепак треба да се земе со резерва, со оглед на тоа дека Португалецот е на метата на многу познати европски клубови, меѓу кои е и Манчестер Јунајтед. Пред неколку дека имаше најава дека Роналдо на Суперкупот во Скопје ќе допатува како играч на „црвените ѓаволи“, а не во дресот на Реал Мадрид. 

Дали оваа информација е само обична шпекулација или пак еден од најдобрите фудбалери во светот ќе се одлучи да го облече дресот на германскиот тим ќе биде познато во најскоро време. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал