СРАМЕН ПОРАЗ НА „ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“

Хадерсфилд 65 години чекаше да победа над Манчестер Ј. и денеска ја дочека (Видео)

Тимот кој по повеќе од 40 години, сезонава се врати во елитното англиско друштво, со 2:1 го победи фаворизираниот противник

објавено: 21 октомври 2017 - 17:59

Хадерсфилд го приреди најголемото изненадување сезонава, откако со 2:1 славеше против Манчестер Јунајтед, во 9. коло од Премиерлигата. Тимот кој по повеќе од 40 години се врати во елитната лига, одигра одлично прво полувреме и со головите во 28 и 33 минута стигнаа до неочекувана предност од 2:0. 

Во второто полувреме Манчестер се обиде да се спаси од пораз, но единствено што успеа да направи е да даде почесен гол преку Рашфорд во 78 минута. На крајот, по последниот судиски свиреж, домашните играчи и навивачи, се радуваа на првата првенствена победа над „црвените ѓаволи“ по пауза од дури 65 години. 

Резултати: Челзи - Ватфорд 4:2, Хадерсфилд - Манчестер Ј. 2:1, Манчестер С. - Барнли 3:0, Њукасл - Кристал Палас 1:0, Стоук - Борнмут 1:2, Свонси - Лестер 1:2. 

Најново во Меѓународен Фудбал