ВО ВТОРАТА ФРАНЦУСКА ЛИГА

ХАОС во Франција: Навивачите на Ленс влетаа на терен и го прекинаа мечот (Видео)

Мечот од втората француска лига меѓу Ленс и Брест беше прекинат во 67 минута, откако домашните навивачи влетаа на терен. Лути поради водството на гостите од 3:1, домашните хулигани, ја прескокнаа оградата и влетаа на теренот. За неколку секунди стотина од навивачите го преплавија теренот, а играчите на двата тима избегаа во соблекувалните.

На крајот редарите успеаа да ја стават ситуацијата под контрола, а мечот продолжи. Интересно е што средбата за Ленс започна добро и домаќините поведоа со 1:0. Сепак, Брест потоа поведе со 3:1, што беше повод за дивеење на навивачите. По продолжување на дуелот, домаќините намалија на 2:3, но сепак не се спасија од пораз, бидејќи Брест даде и четврти погодок за сигурна победа. 

Минатата сезона Ленс во последното коло испадна од првата француска лига, а сега по четири меча во втората лига има исто толку порази.

објавено: 19 август 2017 - 21:25

Најново во Меѓународен Фудбал