САМО ШТО СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНОТ, ВЕДНАШ НАЈАВУВА

Ибра се закани: Манчестер е фаворит за трофејот во ЛШ

Шведскиот напаѓач им порача на противниците дека треба да се плашат од „црвените ѓаволи“

објавено: 20 ноември 2017 - 16:20

По пауза од седум месеци, Златан Ибрахимовиќ се врати на теренот во дресот на Манчестер Јунајтед. Шведскиот голгетер најави дека сезонава има мисија да го освои трофејот во Премиерлигата, но сега апетитите му се зголемија, па најави дека ја сака и титулата во Лигата на шампионите. 

„Имаме сили за сите титули. Посилни сме оваа сезона. Сакаме да освоиме трофеи и веруваме дека можеме да го постигнеме тоа. Тренерот Жозе Мурињо е среќен бидејќи конечно ги има сите играчи на располагање. Нашиот менаџер има победнички менталитет и можеме да ги освоиме сите трофеи во натпреварувањата каде што играме“, рече Ибрахимовиќ.

Златан ги одигра последните 15-тина минути на дуелот против Њукасл, на кој Манчестер победи убедливо со 4:0. 

Најново во Меѓународен Фудбал