БОНУЧИ МУ ЈА ЗЕДЕ 19-КАТА НА КЕСИ

Дојде и веднаш стана газда во Милан

Најголемото засилување на „росонерите“ сепак има предност пред сите останати

објавено: 21 јули 2017 - 12:12

Леонардо Бонучи го покажа своето влијание во тимот на Милан. Откако вчера и официјално го стави потписот на договорот со „росонерите“, тој си го одбра и неговиот омилен број, а тоа е 19.

Интересно е што таа бројка беше слободна, но откако летово во Милан дојде Франк Кеси, тој го побара бројот кој го носеше додека играше за Аталанта. Сепак, Кеси нема да ја има 19-ката на својот грб, бидејќи на „Сан Сиро“ пристигна Бонучи. 

„Разговарав со Кеси и тој ми го отстапи дресот со бројот 19. За мене тој број е многу важен, а Кеси веднаш го сфати тоа и многу сум му благодарен“, рече Бонучи, кој за 40 милиони евра си замина од Јувентус. 

По оваа одлука на Бонучи, на Кеси му останува да одбере нов број. Младиот играч за врска најверојатно ќе се одлучи за дресот со бројот 79. 

Најново во Меѓународен Фудбал