ХОРХЕ САМПАОЛИ ЌЕ МУ ДАДЕ ШАНСА

Икарди се враќа кај „гаучосите“

Изненадување број 2 е што за овие две „контроли" веројатно новиот селектор не го повика Серхио Агуеро од Манчестер Сити, а во избраниот тим е „Папу" Гомез, кој прикажува одлични партии во дресот на Аталанта од Бергамо.

објавено: 21 мај 2017 - 12:00

Мауро Икарди е едно од неколкуте нови имиња во составот на репрезентацијата на Аргентина кои се најдоа на списокот на АФА наменет за следните активности.

Особено изненадувачки, ако се земе в предвид дека 24. годишниот напаѓач на милански Интер пред неполни четири сезони дебитираше за националниот тим на Аргентина. И дека од тој октомври 2013 година не одигра ниту еден меч.

Пред се затоа што селекторите одбиваа да го повикаат да заигра за националниот дрес.

На списокот на „гаучосите“ имаше доста „сомнителни имиња“, но после четири години и доста одлични изданија во дресот Интер, каде Икарди ја носи и капитенската лента, и каде досега постигна 78 голови, повеќе немаше „оправдание“. Па оттука е јасно дека сепак проблематичниот фудбалер ќе заигра на оние пријателски средби против селекциите на Бразил и на Сингапур. 

Интересно е што повикот на адреса на Икарди дојде од Хорхе Сампаоли, кој сеуште официјално не е нов селектор на Аргентина. Но и тренер кој во најавата за последниот меч на Севиља во оваа сезона кажа дека „тоа е шанса која не може да се одбие“.

Сампаоли, што е пак изненадување, за овие две „контроли“ не го повика Серхио Агуеро од Манчестер Сити, но затоа пак во избраниот тим е „Папу“ Гомез, кој прикажува одлични партии во дресот на Аталанта од Бергамо.

На списокот кој го даде Сампаоли се најдоа следниве играчи:

ГОЛМАНИ: Ромеро (Манчестер Јунајтед), Гузман (Тигрес), Руљи (Реал Сосиедад)

ОДБРАНА: Маскерано (Барселона), Мамана (Лион), Меркадо (Севиља), Отаменди (Манчестер Сити)

СРЕДЕН РЕД. Салвио (Бенфика), Биља (Лацио), Банега (Интер), Ланзини (Вест Хем), Паредес (Рома), Родригез (Тихуана), Ди Мариа (ПСЖ) 

НАПАД: Меси (Барселона), Игуаин (Јувентус), Кореа (Севиља), Гомез (Аталанта), Икарди (Интер), Дибала (Јувентус) 

Најново во Меѓународен Фудбал