Типично италијански

КАКО ДА ИГРАА ШАХ, А НЕ ФУДБАЛ: Наполи - Интер 0:0

Во дуелот на непоразените екипи во Серија А, немаше победник

објавено: 21 октомври 2017 - 22:43

Наполи и Интер продолжуваат да бидат без пораз во италијанската Серија А, откако во меѓусебниот дуел,  одиграа без голови. По ова реми, Наполи ја прекина перфектната низа, која траеше во почетните осум меча. За Интер ова беше само второ реми, а „нераѕурите“ имаат и седум победи. 

Интересно е што дуелот во Неапол немаше многу возбудувања. Наполи имаше теренска доминација со повеќе од 60 отсто посед на топка, но тоа беше доволно да го скрши отпорот на гостите од Милано. на крајот двата тима вкупно упатија само пет прецизни удари, но ниту еден не заврши во мрежата. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал