ПОТПИША ЗА МИЛАН, АМА УШТЕ НАВИВА ЗА ЛАЦИО

Лукас Билја во првата средба со навивачите на Милан: „Напред Лацио!“ (Видео)

По четири години поминати на „Олимпико“, сега негов нов дом ќе биде „Сан Сиро“

објавено: 16 јули 2017 - 20:25

Милан покажува дека сака во новата сезона да биде многу поконкурентен од тоа што беше во претходните неколку сезони. „Росонерите“ доведа неколку квалитетни засилувања. Еден од новите играчи е и Лукас Билја кој додеј од редовите на Лацио. 

Аргентинскиот играч за врска немаше баш најдобра промоција пред навивачите на неговиот нов клуб. „Напред Лацио“ извика Билја додека даваше автограми во својот автомобил. Играчот брзо се поправи и извика „Напред Милан! Напред Милан“.

Во претходните четири сезони Билја беше играч на Лацио и по се изгледа ќе му треба уште некое време за да се прилагоди на фактот дека сега е играч на Милан. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал