МИЛАН НЕ СОПИРА СО ЗАСИЛУВАЊАТА

На мета сега се Коста, Фалкао и Ренато Санчез

Калчолигашот сака да создаде тим за победнички патеки

објавено: 26 јули 2017 - 11:15

Некогашниот европски гигант Милан, не сопира со засилувањата пред стартот на сезоната. Италијанскиот калчолигаш сака да создаде тим за шампионски успеси, па затоа летово е еден од најактивните на пазарот. 

Досега доведоа неколку квалитетни засилувања како што се Леонардо Бонучи, Хакан Чаханоглу, Франк Кеси..., но тука не сакаат да застанат. На листата како потнцијални засилувања, се наоѓаат докажани напаѓачи. 

Милан сака да доведе докажан голгетер на „Сан Сиро“. На листата на потенцијални нови „росонери“ се наоѓаат Диего Коста, кој сигурно не е во плановите на неговиот сегашен клуб Челзи, потоа Ренато Санчез од Баерн Минхен и Радамел Фалкао.

„Росонерите“ летово досега потрошија 189,5 милиони евра за нови играчи, а речиси сигурно е дека ќе се надмине и бројката од 200 милиони евра.

 

Најново во Меѓународен Фудбал