Малери за фенерџијата

Уште ова му фалеше на Беневенто - Капитенот им е суспендиран на една година

Фабио Лучиони е казнет со едногодишна суспензија и капитенот на Беневенто нема да може да му помогне на новакот во Серија А во битката за опстанок

објавено: 17 јануари 2018 - 15:50

Фабио Лучиони е казнет со едногодишна суспензија и капитенот на Беневенто нема да може да му помогне на новакот во Серија А во битката за опстанок.

Казната е поради допинг, а фабио падна на контролата по мечот со Торино, осдигран лани на 10. октомври.

Ова за Лучиони е исклучително лоша вест, бидејќи тој има 30 години и понатамошната фудбалска кариера му е доведена под знак прашалник. 

Беневенто е фенерџија во Серија А со само 7 бода по 20. кола, шест од нив освоени на последните два меча.

Најново во Меѓународен Фудбал