АКО СЕ СЛУЧИ ОВА, ИГРАТА ЌЕ БИДЕ СОСЕМА РАЗЛИЧНА

Крај на фудбалот каков што е сега: Предложени радикални промени

Да се стопира времето на секој аут и фаул, а полувреме да трае 30 минути се само дел од предлозите

објавено: 18 јуни 2017 - 11:00

Низ текот на повеќе од 100 години, фудбалот постојано доживува разни промени. Сепак ниту едни не биле толку радикални како ови што сега се предложуваат во документите на ИФАБ (Интернационалната фудбалска асоцијација). Тоа е организацијата која се грижи за правилата на фудбалската игра. 

Радикалните промени се во тоа што се нуди промена на времетраењето на мечот. Натпреварот би требало да трае 30 минути, а времето би требало да биде стопирано на секој аут, корнер, или било каков прекин. Тоа е само еден дел од предлозите кои се нудат да бидат прифатени.

Стручњаците сметаат дека во сегашниот фудбал, активната игра е околу 60 минути, а според ИФАБ доколку се направи полувреме да трае 30 минути со стопирање на сите прекини, играта ќе стане подинамична и нема да има многу одовлекување.

Една од прмените е и да му се дозволи на играчот кој шутира слободен удар да може сам да си ја мрдне топката , па дури и да може да почне да дрибла. Играчот кој ќе промаши пенал, да не смее да игра со топката ако се одбие во поле, а и тоа времето на часовникот на судијата да се покажува на стадионот.

Најголемите промени би било околу тоа да не се задржува времето, па така тоа би било стопирано кога голманите ќе ја местат топката за да изведат гол-аут. Ќе се стопира од времето кога ќе биде досуден пенал, до времето на изведувањето.  

Најново во Меѓународен Фудбал