РОНАЛДО МОЖЕ ДА ОДИ...

МБАПЕ реши: Или Реал или ништо!

Младиот Французин се сретнал со претседателот на Монако Дмитри Риболовљев на Палма Де Мајорка, и му ја кажа својата желба – премин на „Сантјаго Бернабеу"

објавено: 19 јуни 2017 - 14:50

Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид, но Реал не би бил тоа што е ако веќе не подготвил трансфер бомба која ќе одекне во цела Европа.

Во прашање е француското чудо од играч, Килијан Мбапе, кој во главниот град на Шпанија е виден како иден добитник на Златната топка, и некој кој може во целост да го покрие отсуството на феноменалниот Португалец.
Она што е можеби и поважно за шпанскиот клуб е тоа дека од онаа маркетинг страна Мбапе во целост ги задоволува критериумите на најголемиот клуб на светот.


Пред некој ден, на Палма Де Мајорка, наводно, младиот 18 годишен француски репрезентативец се сретнал со претседателот на Монако, Димитри Риболовљев и според пишувањето на шпанската „Марка", порачал:
„Или Реал мадрид, или ништо"...
Сите извештаи кои стигнуваат од Мадрид наведуваат дека таа работа би можела да се реализира во наредните неколку седмици. Односно дека од парите за Роналдо (се најавува дека ќе добијат 200 милиони евра), освен Мбапе, Реал би можел да донесе и уште некој од врните играчи како Де Геа, Азар, Обамејанг или Коста.
Сепак, прво што останува е да се проверат сите факти поврзани со евентуалното заминување на Роналдо, и дури потоа, ако тоа се случи,„мадридистите" да продолжат со трансфер-доминацијата во Европа.

Најново во Меѓународен Фудбал