ПОТВРДА ОД ПОРТУГАЛЕЦОТ И ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ

МУРИЊО: Враќањето на Роналдо во Јунајтед е невозможна мисија

По пријателскиот дуел на Манчестер со ЛА Галакси, менаџерот на „црвените ѓаволи" говорел и за шансите неговиот сонародник одново да ја земе „седумката" на Јунајтед.

објавено: 16 јули 2017 - 22:35

И покрај тоа што Манчестер Јунајтед победи на првата проверка во САД, и тоа со (5:2) против ЛА Галакси, многу повеќе, секако после мечот, се говореше за првата звезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и неговото евентуално враќање на „местото на злосторството", во Манчестер.

Ова лето Роналдо е поврзуван и со трансфер во ПСЖ, но и за Манчестер Јунајтед, клубот во кој со голем успех играше во периодот од 2003 до 2009 година.
А за да се зголемат тие шанси за „ЦР7" го напушти Мадрид, придонесе и аферата околу затајување на данок, и судењето кое му следува на Португалецот во Шпанија.
Сепак, за жал на голем број на љубители на „црвените ѓаволи", до тој трансфер тешко ќе се дојде.

„Никогаш не сме размислувале за трансфер на Роналдо, затоа што тој е навистина битен играч за Реал Мадрид, клуб со голема економска мож. Не можевме да најдеме ниту една причина и да помислиме дека тој би можел да го напушти Рееал. Јас не го подржувам тој принцип, да се губи време со фудбалери кои се 'невозможна мисија' "- кажал Мурињо пред новинарите во Лос Анџелес.

Роналдо освои девет титули со Манчестер Јунајтед. Од нив три во Премиер лигата и една во Лигата на Шампионите, додека пак засега со Реал има два трофеи повеќе.
На истата прес-конференција Мурињо зборувал и за евентуалниот трансфер на Алваро Мората.
Португалецот призна дека е вистинска „штета" затоа што тоа бил играчот кој го посакувал, но и тоа дека "кралскиот клуб" не дозволил да дојде до трансфер.
Медиумите велат дека Реал Мадрид побарал дури 80.милиони фунти за шпанскиот голгетер, но и тоа дека Манчестер Јунајтед го одбил тој голем износ за отштета.

Најново во Меѓународен Фудбал