ИМА КЛУБОВИ КОИ МОЖАТ ДА ГО ПЛАТАТ

ПСЖ може да го „купи" Роналдо, Јунајтед исто така!

Во Мадрид се свесни за актуелниот момент во кој може да останат без својата прва звезда. Флорентино Перез бара од Роналдо да остане мирен. Прашањето е дали може да биде така?

објавено: 16 јуни 2017 - 19:50

Ново-стариот шампион на Европа, Реал Мадрид е пред сериозен проблем, или барем таков е во некоја најава. Вели дека може лесно да се случи и да останат без својот најдобар играч - Кристијано Роналдо.

Најновите гласини дека поради затајување на данок, ја оштетил државата Шпанија за околу 15. милиони евра, го прави Кристијано Роналдо да биде бесен.
И Португалецот не го крие тоа, напротив...


Во Мадрид се свесни за актуелниот момент во кој може да останат без својата прва звезда. Флорентино Перез бара од Роналдо да остане мирен. Прашањето е дали може да биде така?
Но, ако тоа не се случи, на повидок е дефинитивно, најголемиот трансфер во историјата на фудбалот!
Онака, „од прва", стои фактот дека само два клуба на светот може да си го „дозволат" Роналдо.
Тоа се ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Двата клуба со години чекаат да им се укаже една ваква шанса, и да го ангажираат ЦР7. И навистина нема потреба да се трошат дополнителни зборови околу тоа дека цифрите би изгледале астрономски, и дека трансферот на Роналдо би ги урнал сите досегашни рекорди. А и тоа дека Жорж Мендеш чека да го одработи најголемиот премин на сите времиња, и што е поважно, и во двата клуба има свој, посебен „премин".
Ако веќе мора да го продава својот најдобар стрелец, тогаш Реал ќе ја активира откупната клаузула која „тежи" неверојатни 180. милиони евра. Тоа парижаните и можат да го платат. За Манчестер Јунајтед сеуште тоа е несигурн „поле за битка".
А со бруто-платата на Португалецот, целата операција би можела да достигне неверојатни 400.000.000 евра.
Инаку клубот од „Сантјаго Бернабеу", јавно го подржа Роналдо, а сега би требало да проработат и некои политички врски на Флорентино Перез да се тргне овој блам од името на фудбалскиот суперстар.
Меѓутоа, ако се земе в предвид како на тоа „поле" помина Лионел Меси, тоа нема да оди баш така лесно и едноставно, без оглед на сета онаа моќ која е сконцентирана кај Перез и „кралевите".
Преодниот рок само што започна, и има доста време за носење одлуки, па и Роналдо да го промени размислувањето, иако во овој момент е решен да го напушти европскиот шампион.

 

Најново во Меѓународен Фудбал