ФИЛ НЕВИЛ ВООДУШЕВЕН ОД ИГРАТА НА ПОРТУГАЛЕЦОТ

Татко ми зборуваше за Пеле, Бест... а Роналдо...

Поранешниот играч на „Гордиот Албион", кој сега работи како коментатор на ББЦ радиото го според Кристијано Роналдо со големите звезди на фудбалот – Џорџ Бест и Пеле.

објавено: 4 мај 2017 - 13:00

Фил Невил, кој сега работи како коментатор на ББЦ радиото, го следеше „во живо" натпреварот на „Санјтаго Бернабеу" во кој се сретнаа Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а во кој Кристијано Роналдо стигна до хет-трик.

„Го слушав татко ми 20 години како зборува за Џорџ Бест и за Пеле, и мислам дека Роналдо е доста блиску до нив. Тоа што ги одвојува Роналдо и Меси од останатите е дека тие се големи на оние големи натпревари. Не зборуваме за двајцата најдобри играчи на светот, говориме за двајцата најдобри фудбалери кои некогаш живееле" – рече Невил по новото феноменално издание на Португалецот.

Невил, кој во текот на професионалната кариера настапуваше за Манчестер Јунајтед и за Евертон, смета дека Кристијано Роналдо имал совршен настап против Атлетико.

„Зборуваме за играч кој постигнува голови и со лева и со дсна нога. Одличен е и во скокот. А фантастичен е начинот на кој ја контролира топката, како и неговата брзина. Во 32. година постигна хет-трик, тоа е навистина фасцинантно" – дополни Невил.

На средбата со Атлетико Кристијано Роналдо постигна неколку рекорди.
Португалецот стана единствениот фудбалер кој постигна 52 гола во нокаут фазата од Лигата на Шампионите. Или 13 голови во полуфиналето на истото натпреварување (10 за Реал и 3 за Манчестер Јунајтед), и вкупно 103 погодоци во ЛШ.
Покрај тоа, Роналдо го реализираше вториот по ред хет-трик во најквалитетното европско и светско натпреварување.

Најново во Меѓународен Фудбал