ИЗБОР НА АМЕРИКАНСКИ „ЕСПН“

Мишел Платини е највлијателниот човек во фудбалот

објавено: 25 јули 2015 - 13:57

Најпопуларната американска спортска мрежа „ЕСПН“ направи избор на највлијателните луѓе во фудбалот, а сосема очекувано, највлијателен е – Мишел Платини.

Француската легенда Платини, кој е претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) и најверојатно иден претседател на Светската федерација (ФИФА) е највлијателниот човек, а зад него е најдобриот менаџер во моментов Жорге Мендеш, чии клиенти се Кристијано Роналд, Жозе Мурињо... Трет е првиот овек на премиерлигата, Ричард Скадмор.

Во топ десет има само двајца фудбалери меѓу највлијателните луѓе и тоа двајцата најдобри, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои од 2008 година наваму постојано ја освојуваат „златната топка“

НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ВО ФУДБАЛОТ

1. Мишел Платини (претседател на УЕФА)

2. Жорге Мендеш (менаџер)

3. Ричард Скадмор (претседател на Премиерлига)

4. Карл Хајнц Румениге (претседател на Баерн и на ЕЦА)

5. Лионел Меси (фудбалер)

6. Флорентино Перез (претседател на Реал Мадрид)

7. Насер Ал Келаифи (претседател на ПСЖ)

8. Сеп Блаетр (претседател на ФИФА)

9. Кристијано Роналдо (фудбалер)

10. Џани Инфантино (генерален секретар на УЕФА)

Најново во Меѓународен Фудбал