БАНКРОТИРАНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ВЕЛИКАН ПОВТОРНО НА СЦЕНА

Парма се враќа, сега е на чекор од Серија А

Клубот кој пред само две години мораше да биде префрлен во аматерски ранг, вечерва се избори за влез во Серија Б за следната сезона

објавено: 17 јуни 2017 - 22:08

Пред само две години беше префрлен во четвртата лига, поради банкрот на клубот, а сега Парма повторно атакува кон Серија А. Тимот кој е некогашен освојувач на Купот на УЕФА, се пласираше во Серија Б, откако со 2:0 се радуваше во дуелот против Алесандрија. 

Парма заврши на второто место во Б третата лига. Во осминафиналето од доигрувањето со вкупни 2:0 ја победија Пјаченца, потоа во двомечот против Лукезе два пати победи со 2:1 и се избори за фајнл-фор турнирот за влез во Серија Б.

Во полуфиналето, дури по изведување на пенали беше елиминиран тимот на Порденоне, а во финалето вечерва со 2:0 Парма ја победи Алесандрија. 

Најново во Меѓународен Фудбал