КУП НА КОНФЕДЕРАЦИИ

Русија со победа го отвори најскапиот стадион во светот

Домаќинот на СП 2018 година со 2:0 славеше против Нов Зеланд во првиот меч од Купот на конфедерации

објавено: 17 јуни 2017 - 21:10

Купот на конфедераиите стартуваше со победа на Русија од 2:0 во дуелот против Нов Зеланд. Ова натпреварување е како најава дека има уште помалку од една година до стартот на планетарниот собир во 2018 година. 

Автоголот на Бохаља во 31 минута и погодокот на Смолов во 69 минута, донесоа победа за Русија. Домаќините доминираа во текот на целиот меч, а пропуштија уште неколку шанси за поубедлив триумф. 

Дуелот се играше на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, кој официјално беше отворен пред два месеци со мечот меѓу Зенит и Урал. Поради проблеми околу изградбата на стадионот, беа потрошени околу една и пол милијарда долари, што го прави да биде најскап стадион во светот. 

Најново во Меѓународен Фудбал