СТАТИСТИКАТА НА СТАРТОТ ОД СЕЗОНАТА ПОКАЖУВА

Асенсио е пет пати подобар од Меси

Младиот напаѓач на Реал Мадрид има многу подобар процент на реализација за разлика од петкратниот освојувач на „Златната топка“

објавено: 28 август 2017 - 09:30

Марко Асенсио даде два гола, но тоа не беше доволно за Реал Мадрид да ги освои планираните три бода во дуелот против Валенсија. „Кралскиот клуб“ киксираше и одигра само 2:2 на свој терен и тоа мораше да се спасува од пораз, бидејќи на 10-тина минути пред крајот беше во негатива.

Во отсуство на суспензираните Кристијано Роналдо и Серхио Рамос, главна ѕвезда на Реал беше младиот Марко Асенсио. Тој ги даде двата  гола за домаќините, кои на крајот се покажаа како недоволни за да се освојат трите бода. 

Асенсио има одличен старт на сезоната и досега даде четири гола. Шпанците извадија една интересна статистика, а тоа е дека офанзивниот играч на Реал Мадрид даде три гола од последните негови шест шута кон противничкиот гол. Тоа значи дека секој втор удар на Асенсио завршува зад противничкиот грб, во мрежата. 

Колку за споредба, на најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси, му беа потребни дури 30 удари за да ги даде последните три погодоци во сите натпреварувања. Тоа значи дека на Аргентинецот му се потребни по 10 шута во просек, за да се израдува на еден гол.

Асенсио е пет пати подобар од Меси во оваа категорија засега и секој втор негов удар е прецизен. Сепак ова е само старт на сезоната и ќе биде интересно да се види како ќе продолжи Асенсио на следите натпревари. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал