КОГА ЌЕ СЕ ВИДАТ ОТКУПНИТЕ КЛАУЗУЛИ

Асенсио вреди повеќе од Меси и Нејмар заедно

Шпанскиот репрезентативец го продолжи договорот со Реал и сега има откупна клаузула од 500 милиони евра

објавено: 21 август 2017 - 18:40

Еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, Асенсио доби нов договор во „кралскиот клуб“. Играчот кој блесна на двата меча од Суперкупот на Шпанија, сигурно нема да мрдне од „Сантијаго Бернабеу“. 

Реал Мадрид реши да му го корегира договорот на младиот играч. Со новиот договор, Асенсио ќе заработува по 4,5 милиони евра по сезона, наместо досегашните 3,5 милиони.

Интересно е што откупната клаузула за раскин на договорот е подигната на неверојатни 500 милиони евра! Тоа е речиси вкупно колку што Барселона имаше откупни клаузули на Нејмар и Меси заедно. Нејмар беше продаден за 222 милиони евра, а Меси сега може да си замине за 300 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал