ЈАСНО Е, КАТАЛОНЦИТЕ СЕ ВО КРИЗА

Дали Барселона го губи идентитетот?

Само еден Шпанец беше меѓу стартерите во каталонскиот тим на последниот меч со Леганес.

објавено: 20 февруари 2017 - 17:30

Победија но не се разбудија. Како некој „заспан џин" функционира Барселона во последно време. Оној пораз, катастрофален во дуелот со ПСЖ во Лигата на Шампионите се чини дека само го продлабочи кризниот период кај гигантот од Каталонија.
Ниту една партија, освен онеи 6:0 против несреќниот Алавес не им дава за право на нивните навивачи кои веруваат дека во клучниот период од сезоната Барса може да сврти се во своја корист.
Нападнати се скоро сите, со исклучок на Лионел Меси, кој едноставно е „недопирлив", веројатно и оправдано. Но веројатно и тој, а судејќи според неговите движења на последниот натпревар во кој ги даде двата гола против Леганес (за победа од 2:1) „влезе" во онаа играчка меланхолија.
Се бараат подобри игри, подобри резултати, а кога нив ги нема, најголемиот виновник е тренерот, во овој случај, Луис Енрике. .
Посебно што „отровни стрелки" одат кон него од страна на промадридскиот „Марка", најмногу заради неговата одлука на овој меч со Леганес во првите 11 да нема ниту еден „продукт" на прочуената школа „Ла Масија". Односно онаа на Барселона која со години наназад произведува играчи кои носат и трофеи и заработка.
Водејќи се со интересите на државниот, на националниот тим, „Марка " порачува како само Серхио Роберто, како единствен Шпанец го почнал тој натпревар, кој дури и го одигра доста слабо. А и поради неговата грешка гостите стигнаа до изедначување.
Секако пред Меси да ја спаси ситуацијата.
Но сето тоа доволно за главниот наслов: „Барселона го губи идентитетот"!


Од другите стартери на Барселона против Леганес немаше ниту еден шпански репрезент (само уште Меси и Рафиња ја поминаа таа школа), со самото тоа ниту кандидати за репрезентацијата, па новинарите од Мадрид продолжија да го „удираат" Енрике како можел да си го дозволи тоа.
А тимот кој Енрике го собра за овој дуел изгледа вака: Тер Штеген (Германија), Серхио Роберто (Шпанија), Семјуел Умтити (Франција), Жереми Матје (Франција), Лукас Диљ (Франција), Иван Ракитиќ (Хрватска), Андре Гомеш (Португалија), Рафиња (Бразил), Лионел Меси (Аргентина), Суарез (Уругвај), Нејмар (Бразил).


Помалку изнуден соства затоа што заморените Иниеста, Алба и Денис Суарез добија шанса во второто полувреме, па бројот на Шпанците во вторите 45. минути беше зголемен.
Жерар Пике паузираше поради полесна повреда, додека Бускетс е суспендиран.
Но повторно во Мадрид се „насладуваат" со фактот дека за време на својот мандат Луис Енрике поголем број од „домашните играчи", ги продал, или пак ги испратил на позајмица.
Во прашање се Бартра, Фонтас, Серхио Сампер, Тијаго, Куенка, Мунир, Сандро Рамирез, Жорди Масип...
Ниту еден од нив, барем засега, не оставил таков впечаток, или подобро кажано влијание за денеска да бидат барани да се вратат на „Ноу Камп"'. Но дефинитивно би биле корисни за некои натпревари. Или би го зголемиле бројот на домашни играчи.
А можеби до сето ова не би дошло доколку странците, на пример Нејмар, не играат подобро.
Затоа што ако играат како што треба, тогаш никој не би се враќал на интересит на шпанскиот фудбал, ниту пак би се занимавал со свирежите (оправдани) на стадионот во Барселона, на сметка на малодушниот Андре Гомеш, како втор пример.

Најново во Меѓународен Фудбал