НЕМА МРДАЊЕ ОД „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“

Ѕвездата реши да остане во Реал

Герет Бејл сака повторно да се избори за место во стартниот тим на актуелниот шпански и европски првак

објавено: 17 јули 2017 - 12:42

Капитенот на велшката репрезентација, Герет Бејл стави крај на шпекулациите дека може да си замине од Реал Мадрид. Офанзивниот играч дури е уверен дека повторно ќе се врати на старите патеки и дека повторно ќе има стандардно место во стартниот тим. 

„Знам дека нема да биде воопшто лесно да си го вратам местото во стартниот тим, но ќе направам се што е во моја можност. Никогаш не сум размислувал да го напуштам Реал Мадрид“, вели Бејл. 

Велшанецот во минатата сезона имаше чести проблеми со повредите. Поради тоа, почесто беше надвор од теренот. Во Примера дивисион одигра само 19 мечеви во кои постигна седум голови, а имаше и две асистенции. 

Бејл е најскапиот играл во историјата на Реал Мадрид, откако „кралевите“ за него платија 100 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал