На се има крај

Каде, ако не дома - Еспањол и стави крај на серијата од 29 меча без пораз на Барселона

Еспањол ја победи Барселона со 1:0 во првиот четвртфинален меч од шпанскиот куп и ја прекина блескавата серија на градскиот ривал

објавено: 17 јануари 2018 - 22:57

Еспањол ја победи Барселона со 1:0 во првиот четвртфинален меч од шпанскиот куп и ја прекина блескавата серија на градскиот ривал од 29 натпревари без пораз. И крајот на неверојатната авантура се случи во градот од кој е Барселона и нејзиниот ривал Еспањол.

Резервниот играч на Еспањол, Мелендо постигна победнички гол во 88. минута и му донесе предност на својот тим пред реваншот на „Камп Ноу“.

Можеше да биде поинаку и Барса да стаса и до „триесетката“, ако Лионел Меси погодеше од белата точка во 62. минута, при резултат 0:0, но најдобриот стрелец на гостите и во Шпанија не успеа да постигне гол од пенал.

Изненадување приреди и Севилја со триумф од 2:1 во Мадрид против Атлетико, а со ист резулта Валенсија го победи Алавес.

Најново во Меѓународен Фудбал