МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ДОБИ НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА

Кинезите „полудеа“: Мората одби вистинско богатство

Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората одби неверојатна понуда од 175 милиони евра.

објавено: 10 мај 2017 - 10:20

Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората одби неверојатна понуда од 175 милиони евра. Шпанска „Марка" открива дека кинески тим на 24-годишниот фудбалер му понудил петгодишен договор вреден 35 милиони евра по сезоно, но Мората одлучил да го одбие.

И покрај тоа што не го прифатил ова богатство, тој сепак ќе замине од Реал, засега најблизу до потписот на овој фудбалер е Челзи, како замена за Диего Коста.

Иако оваа сезона тој беше замена за Бензема, сепак постигна 20 погодоци во 39 одиграни натпревари. Доколку Реал одлучи да го продаде ќе заработи 65 евра, сума којашто Челзи е подготвен да издвои за неговите услуги.

Најново во Меѓународен Фудбал