НЕЈМАР СО ПОРАКА ДО ЧЕЛНИЦИТЕ НА БАРСЕЛОНА

Меси веднаш треба да го продолжи договорот

Бразилецот вели дека Лео е играч кој не смее да си замине од „Камп Ноу“

објавено: 10 мај 2017 - 13:55

Напаѓачот на Барселона, Нејмар упати порака до челниците на клубот, дека мора во најскоро време да му го продолжат договорот на Лионел Меси. Веќе со месеци трае натегањето околу тоа дали Меси ќе остане на „Камп Ноу“ или ќе го смени клубот во кој ја помина целата досегашна кариера. 

Актуелниот договор на Аргентинецот е до јуни 2018 година, а преговорите за нов договор се во полн ек. Се очекува во најскорто време да се постигне договор и да се исполни желбата на Нејмар, но сигурно и на сите навивачи на каталонскиот гигант. 

„Тука сум четири години со Лео и секој ден учам нови работи од него. Како да давам голови, како да бидам посконцентриран во текот на мечот. Меси е од друга планета. Тој е мојот идол, но и мој пријател. Чест ми е што секој ден тренирам заедно со него. Луѓето во клубот мора во најскоро време да ја завршат работата и да му го продолжат договорот, а со тоа Меси да остане дел од нашиот тим“, порача Нејмар. 

Најново во Меѓународен Фудбал