Шампионите на Европа сакаат долго да владеат

Нема веќе граници, Реал Мадрид го купува Мбапе за 135 милиони евра

Реал Мадрид повторно ќе го урне рекордот со најскап трансфер во историјата, а како што објавуваат шпанските медиуми веќе е договорен со Монако и за сума од 135 милиони евра ќе го купи Килијан Мбапе

објавено: 6 јуни 2017 - 10:03

Реал Мадрид повторно ќе го урне рекордот со најскап трансфер во историјата, а како што објавуваат шпанските медиуми веќе е договорен со Монако и за сума од 135 милиони евра ќе го купи Килијан Мбапе.

Сензационалниот тинејџер има само 18 година, а блескаше во сезоната која изминува. За него во трка се и Арсенал и двата клуба од Мначестер, Јунајтед и Сити, кои понудија некаде околу 100 милиони евра за Мбапе, но европскиот првак се вклучи со мега-понуда.

Ако се реализира трансферот, тогаш Реал Мадрид по петти пат ќе го има најскапиот трансфер во светот на фудбалот. Претходно се уриваа рекордите со ангажманот на Луис Фиго, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо и со купувањето на Герет Бејл.

Најново во Меѓународен Фудбал