ВИСОКИТЕ СУМИ СТАНАА АСТРОНОМСКИ

Откупната клаузула за Бензема е милијарда евра!

И покрај тоа што веќе неколку години е поврзуван со трансфер, Карим Бензема останува со Реал Мадрид, кои толку го ценат Французинот што откупната клаузула е фантастични 1 милијарда евра!

објавено: 20 септември 2017 - 21:40

29-годишниот Бензема ја игра својата деветта сезона во Мадрид, а сега има и четиригодишно продолжување на договорот, со што е сигурен на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2021 година.

Шпанските медиуми тврдат дека платата на Бензема е покачена на 7.5 милиони евра годишно, но навистина шокира сумата од милијарда евра за откуп на договорот.

Ова дефинитивно е резултат на случувањата на пазарот на играчи ова лето, кога Пари Сен-Жермен го откупија договорот на Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, шокирајќи ги сите не толку богати клубови.

Најново во Меѓународен Фудбал