РЕАЛ МАДРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СЕРИОЗЕН УДАР

Трансфер „бомба" посилна од онаа „Роналдо"

Флорентино Перез сака по секоја цена да го донесе Рамон Мончи за првата директорска функција кај „кралевите"...

објавено: 10 март 2017 - 20:45

Ова лето Реал Мадрид е подготвен да влезе во нови трансфер активности кои треба да донесат и некои нови тектонски пореметувања во шпанската Примера.

А како прва се најавува една вистинска „бомба" која може да „експлодира" и најсилно во последните две децении. Дури и онаа кога Kристијано Роналдо дојде во глаавниот град на Шпанија.
Како наведуваат добро информираните „Марка" и радиото "Канал Сур", мадридскиот великан планира да го донесе Рамон Мончи од Севиља на местото спортски директор.


Тоа, наводно, е основниот приоритет на Флорентино Перез, кој наскоро би требало (одново) да биде избран за претседател на „кралскиот клуб", и тоа со мандат до 2021 година.
Перез смета дека со доведувањето на Мончи Реал би бил подготвен за еден нов почеток.
Инаку, Мончи е на функцијата спортски директор на Севиља уште од 2000 година. И го сметаат за еден од главните архитекти на успесите на клубот од Андалузија, кој од 2006 година до денес освои пет трофеи во Лигата на Европа.
Мадридските листови истакнуваат дека и минатото лето Мончи бил на заминување од Севиља, но управниот одбор на клубот не сакал да слушне за такво нешто.

Сепак,сега ситуацијата е променета, и наводно Мончи би можел да си оди во она кое доаѓа.

„Толку сум возбуден со сегашноста и тоа што се случува во Севиља па и не размислувам за иднината. Најдобро место за мене е работата во Севиља. Впрочем, мојата клаузула изнесува пет милиони евра, и искрено, никогаш не би платил толку. Имам договор и било каква одлука мора да биде одобрена од двете страни" - рече минатиот месец Мончи за радиото „Кадена Сер".

Најново во Меѓународен Фудбал