Го мина потешкиот пат

Валјехо се врати дома, ќе игра за Реал Мадрид

Хезус Валјехо се врати дома и ќе игра за Реал Мадрид, клуб кој го врати стоперот од позајмица во Ајнтрахт Франкфурт

објавено: 7 јули 2017 - 16:45

Хезус Валјехо се врати дома и ќе игра за Реал Мадрид, клуб кој го врати стоперот од позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Денеска кралскиот клуб го промовираше Валјехо со новиот дрес со број три, што младиот стопер ќе го носи во иднина. Бројот на Пепе, кој се пресели во Бешикташ и си замина од Мадрид. 

Валјехо одигра одлично првенство во Полска, во конкуренција на играчи до 21 година, а имаше одлична сезона и во Франкфурт, во дресот на Ајнтрахт.

Најново во Меѓународен Фудбал