Кој ќе биде новиот тренер на Барселона?

Валверде, Сампаоли, Куман...

Кои се условите кои треба да ги исполнува кандидатот да го наследи Луис Енрике на една од најпосакуваните тренерски позиции во Европа, па и во светот на фудбалот.

објавено: 4 март 2017 - 12:35

Кои се условите кои треба да ги исполнува кандидатот да го наследи Луис Енрике на една од најпосакуваните тренерски позиции во Европа, па и во светот на фудбалот.

Извесно е дека истиот, мора да има своја харизма, да има авторитет, и пред се, да знае многу, навистина многу за и околу фудбалот...

Луис Енрике, као и многумина пред нето, почна да го губи здивот... Да, знае и Барселона да трпи, да не „сече" веднаш. Но неговиот ефект на клупата, без оглед на зборувањата, ги заслужува сите комплименти. и колку да е критикуван после оној дебакл во Париз, тешко е дека ќе се најде некоја баш соодветна замена, односно негов наследник.
Светските, а пред се шпанските медиуми, веќе влегоа во „потера" по кандидати кои важат за потенцијални да дојдат на оваа престижна позиција.
Или една од најважните во европскиот но и светскиот клупски фудбал.
А имиња, има, и тоа колку ти душа сака... Некои од нив се само за „споменување", некои пак се во рубриката сериозни кандидат, а како што појаснува „Ел Мундо Депортиво", кој пословично е најблиску до каталонскиот клуб, листата е малку подолга, но може д абидер скратена.
Кои кандидати ги извади на површината овој шпански лист?

ХУАН КАРЛОС УНЗУЕ
Најмало, според звучност име. Но не би било „за прв пат" новиот тренер Барселона да го одбере од сопствените редови. Беше прв помошник на Луис Енрике. Знае, подобро од другите, кој колку може и колкави се лимитите кај одредени играчи. Но досега самостојно ги водел само Нумансија и Расинг Сантандер. Не е тоа ниво, Сепак го фалат неговото познавање на фудбалот, а тоа е е особено битно во Барселона. Не е меѓу првите кандидати, но е на списокот.

ЕРНЕСТО ВАЛВЕРДЕ
Мадридската „Марка" пишува дека токму Ернесто Валверде е првиот фаворит. Но и овој друг весник во Шпанија вели дека има шанси.
Тренерот кој го донесе Еспањол до финалето на Купот на УЕФА во 2007 година, ова лето завршува со Атлетико Билбао, место каде е од 2013 година, и со кој играше во Лигата на Шампиони.
До сега одбиваше да го продолжи договорот со клубот од Билбао, наводно поради тоа што знае за интересирањето на Барса. Играл за тимот од Каталонија, и знае се за таа клупска филозофија. Јавноста во Шпанија го почитува, а техничкиот директор на „Блауграна" Роберт Фернандез е човекот со кој ја делеше „соблекувалната" во Барселона.

ХОРХЕ САМПАОЛИ
Долго време се чекаше Хорхе Сампаоли да дојде во Европа, а деби сезоната во Севиља на најдобар начин сведочи во корист на неговите тренерски квалитети. Ни тој самиот не крие дека би сакал да ја превземе Барселона, а се претпоставува дека за него, "рака дигнале" главните играчи, оние со потекло од Јужна Америка, како Лео Меси, пред се, но и Луис Суарез и Нејмар. Секако поради освојувањето на „Копа Америка", кога како предводник на Чиле покажа колку навистина знае.
Барселона би морала на Севиља да и ги плати оние скромни 1.5 милиони евра како отштета (според актуелниот договор) а Сампаоли одбива да потпише нов.
Важи како кандидат кој добил најмногу гласови во анкетата на „Ел Мундо Депортиво".

РОНАЛД КУМАН
Веќе некое време по оние „странски медиуми" токму Холанѓанецот од Евертон се споменува најчесто како наследник на Енрике. А квотите во англиските обложувалници го ставаат на второто место, зад Сампаоли.
Со Евертон тешко ќе направи исчекор напред, но ако се знае дека „карамелите" за Куман платија пет милиони отштета на Саутемптон, сега бараат три повеќе за негов „излез".
Но тоа не би требало да биде пречка за клуб како Барселона.
Беше првак со Бенфика, Ајакс, со ПСВ, освојуваќ на Купот на Кралот со Валенсија, а знае се како функционира Барса.

ЛОРАН БЛАН
Доскорешниот тренер на ПСЖ, кој според француските новини, веќе имал контакти со раководството на Барселона, не е прв избор. Но поради историјата во Барселона е на списокот. А и во клубот од главниот град на Франција научи како треба да се носи со надојденото его во соблекувалните на големите евртопски тимови.

МАСИМИЛИЈАНО АЛЕГРИ
Можеби и најзвучното име на листата. „Мундо" пишува дека во оние неформални контакти на „Ноу камп" бил запрашан како размислува, но и тоа дека дека неговиот одговор бил прилично „слаб".
За тренерските квалитети не треба да се трошат зборови. А по заминувањето на Антонио Конте од Јувентус не само што ја оддржа „Старата дама" на вистинскиот курс, туку дури и ја унапреди играта. А во она берлинско финале во ЛШ загуби токму од Барселона.

ЕУЗЕБИО САКРИСТАН
Тренер на Реал Сосеедат и долгогодишен играч на каталонскиот клуб. Веќе беше помошник во Барселона кој го донесе Франк Рајкард. Самостојно го водеше и „Б" тимот од „Блауграна". Наводно, не му било според желбите кога во клубот не го земаа „в предвид" кога си заминуваше Пеп Гвардиола. Неодамна го продолжи дотоворот со Реал Сосиедад.

КИКЕ СЕТЈЕН
Шефот на струката на тимот од Лас Палмас, кој е „предмет на обожување" од страна на техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез. Еден вистински естетичар кој инсистира на посед на топката и технички дотеран фудбал. Меѓутоа, впечаток е дека му недостасува поголемо искуство за работа во најголемите клубови.

ЈИРГЕН КЛОП
Го следат од Барселона уште од времето кога правеше чуда со Борусија од Дортмунд. Наводно, има многу приврзаници во клубот. Но има и шестгодишен договор со Ливерпул. А како на Германецот не му оди се како што посакува(ше), се чини дека шансите ќе се мерат во промили.

Заклучокот вели дека меѓу првите фаворити се Сампаоли, Валверде и Куман. А останатите медиуми на Пиринеите ги споменуваат и Маурицио Покетино, Франк Де бур, Арсен Венгер, па и Оскар Гарсија.
Но „Ел Мундо Депортиво", барем во овој случај, е најдобриот извор за наоѓање на конечното решение.

Најново во Меѓународен Фудбал