САМПАОЛИ ЈА ОДБИ БАРСЕЛОНА

Во Севиља додека сум жив!

Следните денови следува продолќението на преговорите за иднината на аргентинскиот стручњак на „Санчез Писхуан“. 

објавено: 3 март 2017 - 12:16

Тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли, ја отфрли можноста ова лето да си замине, односно да го превземе кормилото на Барселона, а како аргумент плус го наведе фактот дека е целосно посветен на клубот од Андалузија и дека сака да остана таму каде што е. 

Според пишувањата на медиумите во Шпанија, темпераментниот Чилеанец е првиот пик на на раководството на Барселона да го замени сегашниот тренер Луис Енрике кој најави заминување по крајот на оваа сезона. 

„Заминување во Барселона? На тоа прашање немам одговор затоа што не постои такво нешто. Не знам што се зборува, но во овој дел од сезоата нема смисол да се дискутира за тоа. Поврзан сум со проектот на Севиља до смрт“- им кажал Сампаоли на новинарите после победата над Атлетик Билбао од (1:0). 

Сампаоли, кој летоска дојде на „Санчез Писхуан“, има намера да го одработи договорот најмалку до 2018 година, кога му истекнува актуелниот.

„Не сум се состанал со челниците на клубот да зборуваме за иднината. Тоа ќе се случи во наредните денови“ - порача Сампаоли. 

Оваа сезона „неговата“ Севиља бележи навистина одлични резултат, во моментов е трета на табелата во Примера со само два бода застанување зад лидерот Барселона. Од друга страна во Лигата на Шампионите славеше со (2:1) во првиот дуел од осминафиналето против Лестер. 

Најново во Меѓународен Фудбал